Амерички плакари Екстремно функционалните гардеробери од Ап серијата се карактеристични со својот модерен и практичен дизајн. Изработени се од иверица со дебелина од 18 мм. Внатрешноста на плакарот е триделна. Еден дел од американскиот плакар ја содржи само шипката за гардероба, вториот дел е поделен со полици за складирање на гардероба, а третиот дел има 3 фиоки на дното, заедно со шипката за гардероба. Плакарите се изработуваат со две или три лизгачки врати со меко затварање , во три различни димензии со избор на два декори. Постои опција за поставување огледала.