Алекс Дизајн за купените производи обезбедува достава до домашната адреса на сите производи купени во сопствените салони и онлине продавницата. Доставата се врши до најблиското можно место до влезот на зграда или куќата.
*испораката на територија на град Скопје е бесплатна до домашната адреса(освен во случај кога истата се продава без превоз и монтажа) без разлика на вредноста на нарачките.
Доколку Алекс Дизајн не е во можност да ја реализира доставата и монтажата на производите бидејќи на адреса за достава го нема Купувачот односно друго лице кое е по негово овластување да ги превземе производите, трошоците за неуспешната достава на производите ке ги сноси Купувачот, односно Купувачот може во договор со Алекс Дизајн производите да ги превземе лично од магацинот
При испораката на нарачаните производи Алеск Дизајн ќе побара од Купувачот да се потпише на потврдата за превземање на робата во која потврдува дека ја превзел, и на која ќе се наведе датумот на превземање. Во случај да некој артикал недостасува Трговецот бесплатно ќе ја достави во најкраток можен рок.
Професионална монтажа на производите е круна на нашата работа и нашата цел е секогаш да го вклопиме купениот производ совршено во вашиот простор.
Времетраењето на монтажата најчесто зависи од просторот во кој е поставен мебелот (колку е помал просторот, толку е побавен процесот).
*Закачувањето на елемементите на ѕид не е вклучено во монтажата
По испораката и монтажата, производите треба внимателно да ги провери купувачот или лице овластено од него. Во случај на дефект или се се константираат одредени недостатоци или оштетувања, купувачот треба да потпише извештај за штети во присуство вработен од страна на Алеск Дизајн.
Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат, како и да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот мебел.
За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои на располагање на секој купувач.
За евентуално невклопување на производот во станбениот простор на купувачот, Алекс Дизајн не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.
Рокот на испорака е до 30 работни денови(без сабота, недела, и државни празници), освен за производот за кој купувачот е известен за друг рок на испорака. По купувањето ќе бидете контактирани од страна на Алекс Дизајн за дефинирање на термин за испорака. Рокот за испорака започнува после примањето на уплатата на жиро сметка односно после одобрената авторизација на кредитната картичка.
Рок на испорака е договорен при склучувањето на договоот за нарачка, со тоа што во случај на не предвидени околности, пречки во превоз, временски непогоди или непредвидено задржување на царинскиот терминал овој рок може да се продолжи за уште максимални10 дена. По купувањето ќе бидете контактирани од нашата доставна служба за дефинирање на термин за испорака.
Во случај на ненавремена испорака, купувачот го задржува правото на повраток на уплатените средства(плус законска затезна камата), дополнителен 5% попуст или се врши замена за друг производ.
Нарачките кои не се реализирани и примени од страна на купувачот, рокот на нивно бесплатно чување е максимални 14 дена
Кога се склучува договор за нарачка се плаќа целиот износ или 30% од износот се плаќа како аванс, додека остатокот се доплаќа најдоцна 1 ден пред денот на достава на производот
Плаќањенаратибезкаматасокредитникартички
*Овозможено преку картичките на Шпаркасе банка, без камата до 12 рати
Секој производ купен преку интернет страната или физичката продавница на Алекс Дизајн , има соодветен гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот.Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за важноста на гаранцијата на производот. Гаранцијата нема да важи доколку:
Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка,фактура-испратница)
Видливи обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
Видливи оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
Видливи физички оштетувања на производот.
*Купувачот е запознае и согласен со условите и правилата на користење на интернет страницата на Алекс Дизајн и се обврзува да ги почитува во целост. За евентуалните грешки во информации или пропуст, Алекс Дизајн однапред се извинува.