Лежај Лунаро
Original price was: 28.666,00 ден.25.800,00 денCurrent price is: 25.800,00 ден.
(со важност од 1.12.2025)
Опис на производот
Лежај Лунаро е премиум решение за спална соба, создаден за оние кои сакаат комбинација од елегантен дизајн, удобност и практичност во секојдневниот живот. Со својот современ изглед и внимателно избрани материјали, овој лежај внесува чувство на уреденост и стил во просторот.
Тапациран со квалитетна ткаенина, Лунаро нуди мекост и визуелна топлина, додека стабилната конструкција обезбедува сигурност и долготрајна употреба. Подлогата е изведена со латофлекс летвички, кои овозможуваат правилна поддршка и вентилација на душекот, што е основа за квалитетен и мирен сон.
Лежајот е опремен со лифт механизам (лифтомат) кој овозможува лесно и безбедно подигање на подлогата, овозможувајќи брз пристап до пространата кутија за постелнина. Ова решение обезбедува максимална функционалност и оптимално искористување на просторот.
За комплетно искуство и максимален комфор, лежајот совршено се комбинира со душек Лунаро , кој со својата висина и структура обезбедува балансирана поддршка и дополнително го подобрува квалитетот на спиењето. Заедно создаваат усогласен систем кој нуди удобност на повисоко ниво.
Лежајот се изработува во две димензии (140×200 и 160×200) и две бои (бело и сиво), што овозможува лесно прилагодување според стилот и потребите.
Спецификација:
Димензии (160): 174x218x130 cm
Димензии (140): 154x218x130 cm
Површина за спиење: 140×200 / 160×200 cm
Подлога: латофлекс летвички
Механизам: лифт (лифтомат)
Ткаенина: I Beta 1 – бело / сиво
Кутија за постелнина: да
Дополнителни информации
| Категорија на мебел штоф: | |
|---|---|
| Димензија: | 140х200( 154x218x130 cm), 160х200( 174x218x130 cm) |
| Простор за спиење: | 200х160, 200×140 |
| Кутија за складирање: | Да |
Оценки од купувачи
Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават оценка.
Правила и услови за испорака
- Бесплатна достава на територија на град Скопје – директно до домашна адреса (освен кога производот се продава без превоз и монтажа).
- За локации надвор од Скопје, достава се наплаќа по 60 денари по километар.
- Рок на достава: до 30 работни дена, освен ако не е договорено поинаку или 7 работни дена за производите на залиха.
- Пристапност: Локацијата мора да биде достапна за товарни возила.
- Испорака: Се врши до дворно место или прв достапен влез во зграда/куќа.
- 1–2 дена пред испораката, купувачот ќе биде контактиран за потврда на датумот и времето. На денот на испораката, купувачот повторно ќе биде контактиран за координација и потврда на приемот.
Правила и услови за монтажа
Монтажата се изведува од страна на овластени монтажери на Алекс Дизајн и не е вклучена во цената на производот.
Се наплаќа според важечкиот ценовник.
| Категорија на производ | Основна цена | Попуст за 2 или повеќе монтажи |
| Тапациран мебел (аголни гарнитури, троседи, лежаи) | 1.500 денари | -20% до -50% |
| Плочест мебел (плакари, комоди, наткасни, кујни, полици) | 10% од вредноста на производот | -20% до -50% |
Монтажа на ѕидни елементи не е дел од услугата.
По извршена монтажа, купувачот треба да ја провери состојбата на производот.
Во случај на недостатоци, се составува записник во присуство на претставник од Алекс Дизајн.
Што се случува откако ќе нарачате мебел?
Кај нас процесот е јасен, транспарентен и без изненадувања - чекор по чекор.
Од првиот клик до последниот шtраф - знаете точно што следува. Затоа нашите клиенти купуваат со доверба и се враќаат повторно.
01
Клиент
Ја правите нарачката онлајн – брзо и едноставно. При правење на нарачката ги потврдувате деталите за производот и ни доставувате Ваши податоци (име, адреса, телефон).
02
Алекс Дизајн
Ве контактираме лично во следните 24-48 часа. Ги проверуваме деталите, одговараме на прашања и Ви изготвуваме Профактура. Сѐ е прецизно наведено, за да знаете точно што плаќате.
03
Алекс Дизајн
Уплатата ја вршите по договор – целосно или на рати, според избраниот начин на плаќање. Сигурно, едноставно и без притисок.
04
Алекс Дизајн, клиент
Ве контактираме за прецизирање на доставата. Го подготвуваме и доставуваме мебелот во договорениот рок. Ве информираме навреме за терминот на испорака.
05
Алекс Дизајн, клиент
Нашиот тим врши професионална монтажа (доколку е вклучена во услугата). Брзо, чисто и прецизно – вие само уживате во резултатот.
06
Алекс Дизајн
Вашиот мебел е покриен со гаранција.
Ние сме тука и после купувањето – за поддршка, совети и сигурност.
Дополнителен предлог




Кревет Боксспринг Магнум
Original price was: 62.588,00 ден.56.330,00 денCurrent price is: 56.330,00 ден.


Дополнете кошничка
ТД Амстердам Ц кат-експонат
Original price was: 78.722,00 ден.55.106,00 денCurrent price is: 55.106,00 ден.
Сакате прво да го видите мебелот во живо?
Посетете нè во салонот и изберете мебел со целосна сигурност. Нашиот тим е тука да ви помогне - без притисок, без обврска.
Посетете го нашиот салон
Не сте сигурни? Јавете се.
Што ќе проверите „во живо“?
– Реална боја и материјал
– Проверка на удобност
– Помош од стручно лице
– Подобра одлука, без каење
Ќе ги потврдиме нашите услови со понуда и договор.
Лесно нѐ наоѓате - еве каде сме
Посетете нè во салонот и изберете мебел со целосна сигурност. Нашиот тим е тука да ви помогне – без притисок, без обврска.













Оценки
Производот сеуште не е оценет од нашите корисници.