ФИЛТРИРАЈТЕ
Купи на рати
Уредувањето на домот е инвестиција во секојдневната удобност. Затоа во Алекс Дизајн Ви овозможуваме повеќе начини на плаќање, за да можете да го изберете мебелот што го посакувате без да правите компромис со Вашиот буџет.
Без разлика дали сакате подолг рок на отплата, плаќање без камата или едноставно решение за побрзо купување, кај нас можете да изберете опција која најмногу Ви одговара.
1. Купи на рати до 36 месеци
Планирајте го уредувањето на Вашиот дом без финансиски притисок. Со можноста за купување на рати до 36 месеци, лесно можете да го распределите плаќањето во месечни износи кои одговараат на Вашиот буџет.
Предности
- Финансирање до 150.000 денари
- Отплата до 36 месеци (до 36 месечни рати)
- Брзо одобрување
- Едноставна процедура
- Без долги административни постапки
- Мебелот го добивате веднаш по одобрувањето
Важно
Оваа можност за плаќање важи исклучиво за производи поцена за готовинско плаќање и може да се комбинира со производи што се дел од промотивни или акциски понуди.
Средствата се исплаќаат директно на трансакциската сметка на корисникот, а висината на месечната рата се определува според износот и избраниот рок на отплата.
Кој може да аплицира?
- Лица во редовен работен однос
- Пензионери до 73 години
2. Купи на 4 рати без камата
Потребен Ви е нов мебел веднаш, а сакате плаќањето да го поделите на неколку еднакви месечни износи?
Со плаќање на 4 рати без камата, плаќате точно колку што чини производот – без дополнителни трошоци и без скриени провизии.
Предности
- 0% камата
- 0% дополнителни трошоци
- Плаќање на 4 еднакви месечни рати
- Брза и едноставна процедура
- Мебелот го добивате веднаш
Важно
Оваа можност за плаќање важи исклучиво за производи по цена за готовинско плаќање и не може да се комбинира со производи што се дел од промотивни или акциски понуди.
Ова е идеално решение за сите кои сакаат брзо да го уредат својот дом, а плаќањето да го распределат во краток временски период.
Средствата се исплаќаат директно на трансакциската сметка на корисникот, а висината на месечната рата се определува според износот и избраниот рок на отплата.
Кој може да аплицира?
- Лица во редовен работен однос
- Пензионери до 73 години
3. Купи на 12 рати без камата
За поголема финансиска флексибилност, достапна е и можноста за купување на 12 рати без камата.
Без разлика дали купувате аголна гарнитура, спална соба, кујна, гардеробер или трпезарија, можете да ја поделите вредноста на купувањето на 12 еднакви месечни рати без да платите ниту денар повеќе.
Предности
- До 12 месечни рати
- 0% камата
- 0% дополнителни трошоци за клиентот
- Брза и едноставна процедура
- Производот го добивате веднаш
Важно
Оваа можност за плаќање важи исклучиво за производи по редовна цена и не може да се комбинира со производи што се дел од промотивни или акциски понуди.
Средствата се исплаќаат директно на трансакциската сметка на корисникот, а висината на месечната рата се определува според износот и избраниот рок на отплата.
Кој може да аплицира?
- Лица во редовен работен однос
- Пензионери до 73 години
Потребни документи за аплицирање
За аплицирање се потребни само неколку основни документи:
- Важечка лична карта
- Чек од пензија (само за пензионери)
Нашиот тим ќе Ви помогне низ целата постапка и ќе Ви ги објасни сите достапни можности за финансирање.
Изберете го мебелот што го сакате – а начинот на плаќање препуштете го на нас.
Посетете го нашиот салон и информирајте се за сите актуелни можности за купување на рати. Заедно ќе го пронајдеме решението што најдобро одговара на Вашите потреби и буџет.
Лежај боксспринг Магнум – купи на рати
Лежај боксспринг Магнум е практичен и елегантен брачен кревет од линијата на лежаи на Матис мебел, дизајниран да понуди врвна удобност и модерен изглед. Изработен е со совршена комбинација од квалитетно тапацир платно и природно дабово дрво, што му дава луксузен и топол амбиент на секоја спална соба.

Тросед Велвет – купи на рати
Тросед Велвет е создаден за љубителите на современиот минимализам и прецизните геометриски линии. Неговиот рамен коцкаст дизајн во комбинација со елегантните дрвени детали на страните и цоклето му дава препознатлив, премиум изглед кој лесно се вклопува во модерни, скандинавски и индустриски ентериери.

Трпезариска маса Филис + стол Лукас – купи на рати
Трпезариска маса Филис + стол Лукас – совршена комбинација на модерен дизајн, удобност и практичност – овој комплет е создаден за сите кои сакаат елегантна и функционално уредена трпезарија. Сетот вклучува проширлива трпезариска маса Филис и ергономски столови Лукас, кои заедно создаваат топол, модерен и естетски усогласен простор.

Дневен сет Луна – купи на рати
Дневниот сет Луна претставува комплетно решение за модерно уредување на дневниот простор, комбинирајќи елегантен ѕиден панел со интегрирано ЛЕД осветлување и минималистичка ТВ комода. Овој сет е дизајниран да создаде чист, префинет и визуелно впечатлив амбиент.

Аголна гарнитура Кармен – купи на рати
Аголна гарнитура Кармен е создадена за современи домови во кои подеднакво се ценат удобноста, функционалноста и елегантниот дизајн. Со своите внимателно обликувани линии и карактеристични длабоки декоративни штепови, овој модел внесува префинет изглед и чувство на луксуз во секоја дневна соба.



